Author Archives: Весник Илинден

Традиционално се одржи струшка литија (Еордија)

Одново торжествен восклик низ струшките улици. Митрополитот Дебарско – Кичевски, г. Тимотеј, епископот Хераклејски, г. Климент, епископот Антаниски, г. Партениј, монаси, монахињи, свештеници, ѓакони, огромен број верен народ од сите краиштана земјава, па дури и пошироко, сите сплотени во пасхалната радост, традиционално го обиколија градот со моштите на свети Георгиј, неговата чудотворна икона и Крнинската чудотворна икона на Божјата Мајка. ...

Read More »

Светот го слави Денот на победата над фашизмот

На 9-ти мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население, војна која однесе повеќе од 50 милиони животи. Денот на победата се слави и низ цела Европа, во спомен на жртвите и крајот ...

Read More »

Македонците во Албанија го прославија празникот Ѓурѓовден (ФОТО)

Прослава на Ѓурѓовден во село Стеблево, Голо Брдо Овој празник освен Македонците со православна вероисповед од Мала Преспа, Врбник и Голо Брдо традиционално го прославија и Македонците со исламска вероисповед од Голо Брдо и Гора. За Ѓурѓовден во Мала Преспа, имаше организирани прослави во селата Шулин, Глобочени и Долна Горица. Во областа Гора прослава се организираше во село Шиштавец, каде ...

Read More »

Црногорската заедница во Албанија ја прославува 4-годишнината од основањето

Црногорската заедница во Република Албанија ја прославува 4-годишнината од основањето, и оваа година беше многу богата година со активности и средби во рамките на програмата на Црногорската заедница во Република Албанија. Главните активности беа одбележувањето на трагедијата на Медова на 6 јануари, Денот на независноста на Црна Гора на 21 мај, Денот на Свети Владимир Дуклески на 4 јуни, Денот ...

Read More »

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари работна средба со Фрида Крифца, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски придружуван од заменик министерот, Абдулшуќур Абедини и државниот советник, Трајан Димковски и Сашко Ташулов, Министер советник во Амбасада на Македонија во Тиранa, денес остварија работна средба со Фрида Крифца, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија. Иницијативата за отворен Балкан ја зајакнува соработката меѓу двете држави овозможува на нашите земји да ја ...

Read More »

Македонското движење “Крсте Мисирков“ во Грција аплицираше за членство во Федералната унија на европските националности (ФУЕН)

Делегација на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) деновиве престојуваше во Грција, во посета на Мкедонското движење за унапредување на мајчиниот јазик “Крсте Мисирков“. Македонското движење неодамна аплицираше за членство во оваа неприфитна организација. Потпретседателот на ФУЕН Госта Тофт оваа посета ја оцени како необичен работен ден. На Фејсбук страницата на оваа организација беше напишано дека делегацијата на ФУЕН беше во посета на здружението ...

Read More »

СМК и Сојузот на Македонците со исламска религија го честитаат 6. Мај – Денот на Македонско – Горанската заедница на Косово

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) го честитаат 6. Мај – Денот на Македонско-Горанската заедница на Косово. СМК и СМИР посакуваат унапредување на положбата и правата на припадниците на Македонско-Горанската заедница на Косово, како етнички Македонци. СМК и СМИР очекуваат Владата на Косово да ја поддржи Македонско-Горанската заедница на Косово во целосната интеграција на ...

Read More »

5 Мај – Денот на македонскиот јазик

На денешен ден 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и ...

Read More »

Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана го честиташе Денот на македонскиот јазик 

По повод одбележувањето на 5 мај Денот на македонскиот јазик, македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.  Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на македонскиот јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. ...

Read More »