Author Archives: Весник Илинден

Билатерална средба на албанските и македонските претставници за заштита на регионот на Охридското езеро

Во Тушемиште, Подградец се одржа билатерална средба, посветена на заштитата на регионот на Охридското езеро и неговото сливно подрачје. Од македонска страна, покрај министерот за Животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, присуствуваа и градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца, Кирил Пецаков, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески. На средбата беа избрани нови членови на Билатеријалниот комитет за заштита на регионот, ...

Read More »

Започна со работа македонскиот Бизнис Клуб во Тирана

Во организација на македонската Амбасада, вчера во присуство на над дваесет стопанственици од Македонија кои делуваат на албанскиот пазар беше обновена работата на македонскиот Бизнис клуб во Тирана. На средбата учествуваа и претседателката на сојузот на стопанските комори Инес Мучостепа и претседателот на стопанската комора на Драч, Албан Истери. Состанокот беше организиран во Македонскиот културно информативен центар, со цел промовирање ...

Read More »

Албанија: Укинати сите анти-ковид мерки, четврта доза за оние над 60-годишна возраст и хроничните болни

Албанскиот национален комитет за справување со пандемијата на ковид-19, денеска донесе одлука, со која, од први мај се укинува обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан ковид, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите странски државјани при влез во државата. Според Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, тоа со оглед на ...

Read More »

Николоски: Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за правата на Македонците и да дозволи почеток на преговори со ЕУ за Македонија (ВИДЕО)

Почитувани членови на ПССЕ, Најсилната европска институција за заштита на човековите права е под јурисдикција на Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права. Во Европскиот суд, десетици илјади граѓани од цела Европа бараат правда која не можат да ја најдат во домашните судови кога нивните основни човекови права, правото на слобода на говор, правото на здружување, правото на национална ...

Read More »

Константната константа

Пишува: Проф. д-р Катерина Тодороска Кога зборуваме за историјата на еден народ, упатно е да не се повторуваат многу познатите факти со излитени и стереотипни фрази. Тргнувајќи од тоа, решив, да скратам познати нешта и да искористам помалку познати и непознати податоци. Верувам, интересни за јавноста. Почетокот му го отстапувам, на еден исклучителен руски интелектуалец Николај Николаевич Дурново (23 октомври/4 ...

Read More »

Николоски oд Стразбур: Бугарија да ги спроведе пресудите на Еврпскиот суд за Македонците во Бугарија (ВИДЕО)

Оваа недела во Стразбур се одржува редовна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Ќе се4 разговара на многу важни теми, вклучувајќи ја и агресијата која што во моментов се случува во Украина и потребата на обезбедување на мир во Европа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Исто така ќе се разговара и на теми кои се важни за Македонија ...

Read More »

Македонците во Албанија според традициите го одбележаа Велигден

Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци, како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и други градови. На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. Имам чест од име на македонското национално малцинство во Албанија преку друштвото “Илинден”-Тирана да ја упатам оваа велигденска честитка до Вашето блаженство, до Синодот на нашата македонска Архиепископија, сите митрополии, епископии и епархии, до свештенството и до сите православни ...

Read More »

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. По две години со ковид-рестрикции, годинава на велигденските богослужби можеше да се присуствува без никакви ограничувања. ...

Read More »