Author Archives: Весник Илинден

Амбасадорот Марковски, со Стерјовски и Османи го посетија преминот Џепиште-Требиште

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, придружуван од претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски и администраторот на административната единица Требиште, областа Голо Брдо Едмонд Османи беа во посета на граничниот премин Требиште – Џепиште. Со македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски го посетивме граничниот премин Требиште – Џепиште. Во тек се ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со градоначалникот на Општина Булќиза 

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски денеска беше во посета на Булќиза, пограничен град на албанско-македонската граница, при што се сретна со градоначалникот Лефтер Ала. На средбата одржана во просториите на Општината, градоначалникот Ала високо ги оцени добрите односи меѓу Албанија и Македонија, со посебен акцент на односите, соработката и трговската размена што постојат со години помеѓу општините во близина на пограничните ...

Read More »

Промоција на книгата „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“

Богодоличното славје на Бигорската слава во чест на Усекновението на пречесната глава на Свети Јован Крстител, годинава беше збогатена и со еден прекрасен настан – промоција на монументалното дело, монографијата „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“ од авторот г. Киро Кипроски. Промоцијата се одржа по завршетокот на свеченото богослужение, во големата сала за свечености на Бигорскиот Манастир, во присуство на: ...

Read More »

Европол разби балкански картел кој ја снабдувал Европа со кокаин

По досега невидена меѓународна операција на агенциите за спроведување на законот од осум земји, обвинети се 61 член на балканскиот наркокартел, кој ја снабдува Европа со кокаин, објави хрватското Министерство за внатрешни работи . Од тие 61, 23 биле уапсени (13 во Шпанија и 10 во Словенија), додека 2,6 тони кокаин, 324 килограми марихуана, 612.000 евра, девет луксузни возила и ...

Read More »

Во Албанија почнува школската година

Во Албанија денеска почнува новата учебна година, а со тоа стапува во сила одлуката на комитетот на експерти за справување со пандемијата, според која наставниот кадар мора да поседува сертификат за вакцинација или негативен тест, што треба да го прават еднаш неделно. „А од 11 октомври тоа важи за студентите. Алтернативата за немање сертификат за вакцинација ќе биде неделниот тест ...

Read More »

Бугарската држава го платила превозот на македонските Евреи до логорот на смртта Треблинка

Сметкопотврда за исплатени трошоци за превоз на 4 137 (3 545 возрасни и 592 деца) Евреи од Македонија до логорот на смртта Треблинка Во текот на Втората светска војна македонските Евреи биле депортирани во логорот Треблинка, каде што биле задушени во гасни комори. Од логорот на смртта не се вратил никој кој би можел да ги прераскаже стравотиите на уништувањето ...

Read More »

Говор на проф. д-р Ѓорге Иванов Претседател на Република Македонија 2009-2019 на отворањето на 7. Меѓународниот конгрес за Црното море

Поздравен говор на проф. д-р Ѓорге Иванов Претседател на Република Македонија 2009-2019 на отворањето на 7. Меѓународниот конгрес за Црното море Ми претставува особена чест што сум поканет да ви се обратам на отворањето на овој конгрес и да ви посакам плодна и успешна работа. Доколку ви се обраќав како политичар, ќе имав многу полесна задача. Затоа што ќе бев обврзан ...

Read More »

Поранешниот каталонски лидер пуштен од притворот во Италија

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон е пуштен од притворот во Италија, по одлуката на судот дека може на слобода да го чека сослушувањето на 4 октомври за екстрадицијата во Шпанија, која го обвинува за обид за отцепување на Каталонија. Пучдемон на Сардинија требаше да учествува на фестивал и да се сретне со функционери на овој италијански остров, но веднаш по ...

Read More »

„Еколог“ донираше десет амбулантни возила во Македонија

Eколог Интернационал донираше десет амбулантни возила комплетирани со потребната медицинска опрема и апарати за болниците низ државата. Оваа донација има за цел да го зајакне капацитетот на болниците и да го зголеми квалитетот на услугите во секторот за итни случаи, особено сега во периодот на пандемија кога потребите на граѓаните за итна медицинска помош значително се зголемени. Две од возилата ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Отворањето на граничниот премин Шиштавец-Крушево ќе донесе развој на обаста Гора 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поздрави одлуката на албанската влада за отворање заеднички граничен премин, кој ќе ја „поврзува областа Гора, едната на албанска а другата на косовска територија, населени со Македонци“. Станува збор за преминот кај населеното место Шиштавец, општина Кукс, Албанија и Крушево, општина Драгаш, Косово. Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Шиштавец-Крушево и ...

Read More »