Author Archives: Весник Илинден

Градоначалникот на Булѓиза, Лефтер Ала остварил средба со Македонците во селото Клење, Голо Брдо

Градоначалникот на Булѓиза, Лефтер Ала остварил средба со Македонците во селото Клење, областа Голо Брдо. Со нив разговарал за проблемите што ги имат во секојдневниот живот, а особено се разговарало за маките на земјделците. Во текот на заедничката средба биле нотирани некои од најитните потреби на жителите што ги има областа Голо Брдо. Со оглед што некои од побарувањата на ...

Read More »

Георгиј Маленков: Македонскиот потомок кој речиси две години беше на чело на СССР

Г.М. Маленков/Валентин Соболев /TASS Името на Георгиј Маленков е малку позната на македонската јавност. Но имено тој е потомок на македонскиот дворјанин Максимилијан Маленков (потомок на познатиот охридски свештенички род Маленкови) и на Анастасија Шемјакина. Токму овој човек за кусо време ќе го предводи СССР по смртта на Јосиф Висарионович. Сталин почина на 5 март 1953 година, а еден од ...

Read More »

Мало Острени (Малестрени) Голо Брдо доби целосно реконструиран здравствен објект 

Македонците од село Мало Острени (Малестрени) Голо Брдо админстративната единица, Острени, област Голо Брдо, добија целосно реконтруиран здравствен центар, со целосно потребната апаратура и кадар. Во рамки на владиниот проект „Реконструкција на 300 здравствени центри“ извршена е целосна реконструкција и проширување на досегашната здравствена амбуланта. Тука секако и фактот што за здравјето на жителите се грижат медицински сестри. Сетрите кои се ...

Read More »

Во Битола се одржа и 32. Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес

На 2 август во Битола се одржа и 32. Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК). Генерално собрание на СМК изрази сочувство по повод смртта на генералниот секретар Ниче Димовски, претседателот на Одборот за чествување на Александар Трети Македонски Паскал Камбуровски и членот на Одборот за чествување на Александар Трети Македонски Виолета Сековска и ги разреши од функцииите кои ги ...

Read More »

Албанија досега има набавено над 1,75 милиони вакцини, имунизирани се над 1,24 милиони граѓани

Во Албанија пристигна нова пратка од 56.160 дози од вакцината Фајзер, со што досега пристигнати се вкупно 1.755,570 вкацни, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама. Тој упати апел до граѓаните што побрзо да се вакцинираат во најблискот пункт за вакцинација или во здравствените домови. Уште 56.160 вакцини Фајзер се додаваат на количината на антиковид вакцини, со што бројот на набавени ...

Read More »

Македонија: Локалните избори распишани за 17 октомври

Претседателот на Собранието, на Македонија попладнево ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 17 октомври. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија, како и до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда. Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори, според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 17-ти ...

Read More »

Пет години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица

Скопје денеска одбележува пет години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на ...

Read More »

Грција продолжува да ги крши правата на малцинствата

Предлог -законот за „Подобрување и развој на нивоата на училишта и воспитувачи“, подготвен од владата на премиерот Кирјакос Мицотакис, беше дискутиран во Парламентот. Предлог -законот ги исклучува малцинските училишта од јавните училишни објекти. На малцинските училишта не им е дозволено да соработуваат со други институции и здруженија и да генерираат приход преку донации или грантови. Доколку законот биде одобрен, ќе ...

Read More »

Сали Бериша поднесе тужба против Ентони Блинкен

Поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно се наоѓаше на „црната листа“ на САД, поднесе тужба до парискиот суд против американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен на почетокот на оваа година објави дека САД им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во таа земја, наведувајќи го фактот дека САД официјално ги сметаат поранешниот албански премиер и неговото семејство за ...

Read More »

Kонкурс за доделување на студентски стипендии за Македонците во сосество за студиската 2021/2022 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република  Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен ...

Read More »