Author Archives: Весник Илинден

Досега потврдени 10 жртви во пожарот ковид – болница во Тетово

Десет загинати досега се потврдени во пожарот кој го зафати модуларниот ковид – болница во Тетово околу 21 часот, но бројката може да порасне, соопшти Министерството за здравство и апелира да не се шпекулира со бројките. Според информациите од Тетовската болница, во модуларната единица имало вкупно 24 пациенти во моментот на пожарот. „Ова е многу тажен ден, министерот за здравство д-р Венко ...

Read More »

Пожар во модуларната ковид – болница во Тетово

Вечерва во Ковид-центарот во Тетовската болница, избувнал пожар. Противпожарните екипи излегле на терен и пожарот бил локализиран, а околу 22.30 часот бил изгаснат. Во моментов не се познати причините за пожарот, а нема ниту официјална информација дали има евентуални жртви, иако министерот за здравство Венко Филипче објави дека има и жртви. Пожарот избувнал околу 21 часот. Модуларната болница е речиси ...

Read More »

Честитка за Денот на независноста до претседателот Пендаровски од албанскиот колега Мета

Честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, до претседателот Стево Пендаровски упати неговиот албански колега Илир Мета. По повод Денот на независноста на Република Македонија, дозволете ми, во мое и во име на албанскиот народ, да ви ги пренесам најтоплите и најискрените честитки до Вас и до сите граѓани на вашата пријателска земја. Задоволство ми е високо да ...

Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија

Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други граѓани, Нека ни е честита 30-годишнината од независноста на нашата заедничка држава! На денешен ден, пред 30 години, се оствари сонот на сите генерации кои се бореа и гинеа за нашата слобода. Македонската државност е беа сомнение нашето најголемо заедничко историско постигнување. Денес, имаме привилегија да имаме своја, независна ...

Read More »

Честитка по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија од Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка по повод Осми септември денот на „независноста на татковината Македонија“. Во мое лично име и во името на македонското друштво „Илинден“-Тирана ви го честитам 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 30 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот ...

Read More »

Мицкоски: Нека е вечна суверена, независна и самостојна Република Македонија

Дозволете во мое лично име и во име на  ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани да им го честитам 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Овој празник е круната на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава, денот кога се исполни идеалот на Илинденците и борците од НОБ, но и илјадниците храбри синови и ќерки на Македонија кои ...

Read More »

Македонија прославува 30 години независна држава

На 8 септември во 1991 година, односно пред 30 години, во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со ...

Read More »

Отворена првата архивска изложба на МНР „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика“

По повод 30 години од независноста на нашата држава, во Министерството за надворешни работи денеска беше отворена првата архивска изложба на Министерството насловена „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика“. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на отворањето истакна дека оваа е прва архивска изложба на МНР во која прават првичен обид да се даде сеопфатна и длабинска слика за ...

Read More »

Мицкоски: Порака до македонскиот народ, масовно да излезе и да се попише

Она што е важно е да кажеме дека одговорни за законито и точно спроведување на пописот е владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју во емисијата Анализа на ТВ 24 коментирајќи го почетокот на пописот. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа ...

Read More »

Во Албанија стапија на сила ограничувачките мерки за влез во земјата

Во Албанија денеска стапија на сила ограничувачките мерки за влез во земјата, што Комитетот на експерти за справување со пандемијата ги донесе на 30 август. Според ова одлука, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две ...

Read More »