Author Archives: Весник Илинден

Делта сојот и официјално потврден во Албанија

Министерство за здравство и социјална заштита попладнево и официјално потвди дека во земјата циркулира Делта сојот. „Следејќи го процесот на состојбата со пандемијата на Ковид-19 од страна на Институтот за јавно здравје, чиј дел е и следење на циркулирачките варијанти, од примероците испратени до Институтот Charite во Берлин, Германија, каде што беше извршена длабинска генетска анализа, потврдено е дека станува ...

Read More »

Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

Во автобуската несреќа што утринава се случи на автопатот во близина на наплатните рампи кај Славонски Брод досега има 10 мртви и 45 повредени патници во автобусот со косовски регистерски таблички. Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало околу 60 патници. Автобусот бил полн со патници, им изјави началникот на сообраќајната полициска станица „Славонски Брод“, Фрањо Галиќ, за ...

Read More »

Нема вода за пиење, лоша патна инфраструктура жителите од село Владимерица областа Голо Брдо се иритирани од државата (ВИДЕО)

Македонците во село Владимерица, административната единица Острен во областа Голо Брдо се соочуваат со недостаток на вода за пиење во овие жешки јули денови. Самите жители велат дека веќе 30 години никој не инвестира во оваа област, оставајќи најзаостанато во цела Општина Булќиза. Областа Голо Брдо е составена од 22 села, загрижувачки e проблемот за Македонците во областа Голо Брдо, немање на ...

Read More »

Стојко Стојков oд ОМО “Илинден”- Пирин: Македонците треба да бидат внесени во бугарскиот Устав

Македонците треба да бидат внесени во бугарскиот Устав смета Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија, ОМО “Илинден”- Пирин. За Фактор вели тоа треба да го побара македонската Влада, но и здруженијата на Македонците во Бугарија. Стојков нагласува дека во Бугарија има повеќе Македонци отколку Бугари во Македонија. „Апсолутно треба. Мислам и дека го кажав тоа во некое интервју последните два ...

Read More »

Лавров: Да запре прогонот на христијаните од Блискиот Исток и Африка

Меѓународната заедница треба да преземе чекори за да го запре прогонот на христијаните на Блискиот Исток и Африка, изјави Сергеј Лавров за телевизијата Русија-24. Руското Министерство за надворешни работи и Руската православна црква, додава Лавров, имаат многу заеднички проекти, а еден од нив е најактуелен – преземање специјални чекори за заштита на христијаните, особено на Блискиот Исток и Африка, пренесе ...

Read More »

УНЕСКО бара од Турција извештај за „Света Софија“

Комитетот за светско наследство побара во петокот од Турција до 2022 година да предаде извештај за состојбата на зачуваноста на соборниот храм „Света Софија“ и ја изрази својата голема загриженоста од последиците на повторното претворање во џамија на ова грандиозно здание од византискиот период. Донеодманешниот музеј „Аја Софија“ турските власти на 10-ти јули 2020 година го претворија повторно во џамија, ...

Read More »

Улогата на Исаија Мажовски во македонско-албанската соработка

Исаија Мажовски (лево) Македонско-албанската револуционерна лига дејствувала и во Албанија и во Македонија. Во прогласот објавен на албански, меѓу другото, се нагласува: „По многу обиди што ги преземаме за да ѝ помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци за ослободување на нашата ...

Read More »

Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“ со бројни настани

По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 Дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа. Манифестацијата, официјално ќе биде отворена на 1 август, во 20 часот на платото на Гумење во Крушево. Претходно, од 18 часот сите учесници ќе тргнат од пред црквата „Свети Никола“ во центарот на ...

Read More »

Летните олимписки игри ќе бидат официјално отворени денеска во Токиo, Македонија ќе ја претставуваат вкупно осум спортисти

Летните олимписки игри ќе бидат официјално отворени денеска во Токио, по едногодишно доцнење поради пандемијата на коронавирусот, и ќе траат до 8 август, а Македонија ќе ја претставуваат вкупно осум спортисти. Овие Олимписки игри нема да бидат налик на ниедна од претходните, бидејќи на љубителите на спортот од странство им е забрането да присуствуваат на трибините, а само на некои ...

Read More »