Author Archives: Весник Илинден

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам

Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед, да им го честитам големиот празник Курбан Бајрам со искрени желби, пред се за добро здравје, хармонија и благосостојба. Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста и хуманоста кои се универзални вредности што обединуваат и поврзуваат. Да помогнеш и ...

Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија. Почитуван реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир еф. Фетаху, Имам особено задоволство и голема чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од ...

Read More »

Македонија триумфираше над Луксембург со резултат 73:57

Фото: kfsm.mk Нашата машка кошаркарска селекција „Под 20“ години во унгарскиот град Шопрон го одигра првиот натпревар од групата „Д“ од ФИБА „Челенџер“ турнирот во кој славеа играчите на селекторот Тони Симиќ. Македонија триумфираше над Луксембург со резултат 73:57 (15:15, 22:20, 12:12, 24:10), нашите млади кошаркари во второто полувреме го скршија отпорот на противникот. Првото полувреме не можеше да се опише ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка за Курбан Бајрам 

Честитка по повод големиот исламски празник Курбан бајрам упати Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Драги верници од исламска вероисповед, од мое лично име и од име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам, кој претставува симбол на солидарноста, и Ви посакувам здравје, љубов, среќа и хармонија во вашите ...

Read More »

Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонско друштво “Илинден“-Tирана 

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година – стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Read More »

Костал – Македонија достигна илјада вработени

Германскиот концерн „Костал“ за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија на свечен начин го одбележа ангажирањето на илјадитиот вработен во нивната филијала во Охрид. Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, истакна дека одлуката компанијата да отвори своја филијала во земјава е плод на долготраен процес, чие преговарање траело повеќе од три години. Охрид беше идентификуван како град со ...

Read More »

Во Албанија полицискиот час останува, музика во рестораните до 23 часот

Албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, одлучи да го продолжи времето за дозволување музика во угостителските објекти до 23:00 часот, додека полицискиот час и другите мерки остануваат непроменети. Претседателката на комитетот и заменик-министерка за здравство, Мира Ракацоли додаде дека епидемиолошка состојба во земјата е стабилна во „време кога туризмот започнал нормално”, но сепак не може да ...

Read More »

Германија: Расте бројот на загинати во поплавите, штетите се проценуваат на неколку милијарди евра

Бројот на жртви во поплавите кои погодија неколку европски земји се искачи на 188. Во Германија во тек е потрага по голем број исчезнати во најголемата природна катастрофа која ја погодила земјата во последните 60 години. Во Германија починати се 157 лица, но се стравува дека овој број ќе биде поголем. Во околината на Келн надојдената вода однесе преку стотина ...

Read More »

„Форбс“: Македонија меѓу петте дестинации во 2021 кои мора да се видат

Еден од најреномираните светски магазини, магазинот „Форбс“ ја рангираше Македонија на листата на 5- те помалку познати нации кои заслужуваат да бидат „жаришта“ на туризмот за 2021 година. И главната фотографија на статијата е од Македонија, всушност панорама од Охрид, објави !ипортал“. Некои земји – Франција, Италија и Холандија- се популарни дестинации со децении, но одредени други се сериозно потценети ...

Read More »

Министерот за внатрешни работи, Спасовски пушти во употреба времениот граничен премин Стрезимир-Рестелица во Гора 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со вицепремиерката на Република Косово, Емилија Реџепи и косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла денеска го пуштија во употреба времениот граничен премин Стрезимир-Рестелица на границата помеѓу Република Македонија и Република Косово, кој ќе биде отворен за минување на граѓаните од двете земји од денеска (18.07) до 01.09., секој ден од 08.00 до ...

Read More »