Author Archives: Весник Илинден

Рама: Балканските земји се заложници на национализмот на ЕУ

Премиер Еди Рама изјави дека земјите од Балканот се заложници на национализмот што постои во Европската Унија. За време на вчерашната посета на Атина тој изјави дека со самото тоа што Бугарија го блокира почетокот на преговорите на Македонија, таа ги копира политиките на другите земји-членки, кои за лични интереси ги блокираат интересите на другите земји, пренесува „Егзит“.  „Бугарија увиде дека ...

Read More »

Катастрофални поплави во Германија – десетици исчезнати (ФОТО + ВИДЕО)

Големо невреме предизвика хаос во Германија. Во местото Шулд во Рајнланд-Пфалц поради поплави се урнале шест куќи, во Арвајлер луѓето се спасувани од покривите, загинаа четири лица, како и двајца пожарникари Невремето и обилните дождови посебно ги погодија покраините Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, но и Баден Виртемберг, Баварија и Саксонија. Улиците во повеќе населени места се под вода, што на ...

Read More »

Американска донација во опрема и техничка помош за царинските управи на Македонија и Албанија за граничниот премин Ќафасан

Мобилни скенери, дензитометри и камери, се дел од опремата што УСАИД ја донираше за царинските управи на Македонија и Албанија, за олеснување на трговијата и транспортот и подобрување на прекуграничната соработка меѓу двете земји со цел воспоставување заеднички граничен премин и заеднички контроли на граничниот премин Ќафасан. Донацијата во вредност од 100.000 евра, која се состои и од советодавна помош, ...

Read More »

Путин и Лукашенко подготвуваат заеднички план против санкциите

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко им дадоа задача на кабинетите на министрите на нивните земји да изготват заеднички план за спротивставување на западните санкции, соопшти денеска шефот на прес-службата на белорускиот претседател Наталија Еизмонт. Двајцата лидери разговараа вчера во Санкт Петербург, пренесува руската агенција ТАСС. На владите им е дадена задача да одобрат и прецизно ...

Read More »

Сè што дала мајка природа, го има во „Bella Casa“, во Црвена Вода Караорманска (ФОТО)

Малку е само една репортажа, за да се опише и доживее она што го направија Кате и Васко Граждани во шумите над живописното и историско село Црвена Вода, на 1.250 метри надморска височина. Тоа е една филмска приказна, дури и нешто повеќе. Кате Трајческа, сега Граждани, е лист од нашата гора. Внука на соселанецот Божин Трајчески, ловџијата од Црвена Вода. ...

Read More »

Заштитата на правата на националните малцинства во Србија треба да остане приоритет на властите

Властите на Србија треба да ги интензивираат своите напори да обезбедат правилно промовирање и спроведување на правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства. Промовирање на мултикултурна и интеркултурна перспектива во образованието, но исто така и ефективно учество на лицата кои припаѓаат на националните малцинства се некои од аспектите што треба дополнително да се решат. Европската унија и Советот на ...

Read More »

ЕК: Кривичната пријава против Сореца е кампања против делегацијата на ЕУ во Албанија

Европската комисија реагираше во врска со кривичната пријава што против амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, вчера ја поднесе Алијансата за одбрана на Националниот театар до Специјалното јавно обвинителство (СПАК). Како што пренесува Топ чанел, портпаролот на ЕК, Петер Стано, во изјава од Брисел, обвинувањата против амбасадорот Сореца ги смета за неосновани, додавајќи при тоа дека е „кампања насочена ...

Read More »

Претседателот на Заедницата на Црногорците во Албанија, Маринко Цулафиќ донираше книги по повод Денот на државноста

По повод 13 јули, Денот на државноста на Црна Гора, претседателот на црногорската заедница во Албанија, во име на Матица Црногорска и донираше на градската библиотека количество книги од црногорската историја и литература, Маринко Цулафиќ како и 15 каталози од историјата на Свети Јован Владимир, објавени на црногорски и албански јазик. Претседателот на црногорската заедница го посети и манастирот Свети Јован Владимир во близина ...

Read More »

Македонија и Албанија потпишаа договори за грижа на Охридското езеро

Македонија и Албанија денес потпишаа договор со кој се обврзуваат заднички да работат на разрешување на сите наследени и тековни предизвици во екологијата околу Охридското езеро. Според министерката за култура, Ирена Стефоска, вината за состојбата во која се наоѓа целиот регион треба да се бара и во локалните и во централните институции. „Потребна е поголема коордонација и потребни се многу ...

Read More »

Италија нов европски фудбалски шампион

На големото финале на Вембли во Лондон, Италија во вистински фудбалски спектакл дури по пенал рулетот ја совлада селекцијата на Англија со 3-2(1-1) и заслужено стигна до шамионскиот пехар. Ова е втора европска круна по онаа во далечната 1968 освоена по два меча против тогашна југославија, за популарните азури во историјата. Херој на азурите во големото финале е најдобриот фудбалер ...

Read More »