Author Archives: Весник Илинден

Стерјовски: Неодредувањето датум за Скопје и Тирана за почеток на преговори со ЕУ последователно разочарување

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на денешната пленарна седница на албанскиот парламент се задржа на неодредувањето датум за Тирана и Скопје за почеток на преговири со ЕУ, оценувајќи го како „ последователно разочарување на сериозноста на проширувањето на Европската унија“. Според него фактот дека повеќето земји од ЕУ се согласиле за датум за ...

Read More »

Албанија нема да го укине полицискиот час

Албанскиот Комитетот на експерти за справување со пандемијата не планира укинување на мерката за ограничено движење и покрај стабилната епидемиолошка состојба во Албанија. Скендер Братај, член на комитетот и директор на Националниот ургентен центар во Тирана изјави дека мерките ќе продолжат да се ослободуваат, но нема да бидат укинати целосно. „Според одлуката на Комитетот полицискиот час од први јули се скратува ...

Read More »

Унгарија отвори Почесен конзулат во Штип

Унгарија отвори Почесен конзулат во Штип, а за почесен конзул е назначена претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска. На официјалното отворање на конзулатот присуствуваше шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, како и неговиот македонски колега, Бујар Османи и министерот за економија, Крешник Бектеши. Сијарто одговарајќи на прашање зошто го избрал Штип за градот каде ќе ...

Read More »

Албанија: Централната изборна комисија го објави конечниот список на пратеници за 12-те окрузи

По точно два месеца од парламентарните избори, што во Албанија се одржаа на 25 април, Централната изборна комисија денеска го објави конечниот список на пратеници за 12-те окрузи, односно изборни единици. Во новиот 140-член Законодавен дом Социјалистичката партија (ПС) освои 74 пратенички места, изборната коалиција предводена од Демократската партија (ПД) – 59, Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) – четири и ...

Read More »

Средба на претседателот Пендаровски со Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика во Парламентот на Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Парламентот на Албанија, предводена од Мими Кодели, пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешна политика. Во делегацијата, беше и првиот пратеник од македонското национално малцинство во Албанија, Васил Стерјовски. На средбата претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава има јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка со Албанија преку отворен и конструктивен политички дијалог, како ...

Read More »

Mилошоски – Кодели: Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите со ЕУ

Претседателите на собраниските комисии за надворешна политика на Македонија и на Албанија, Антонио Милошоски и Мими Кодели денеска од Скопје упатија заедничка порака до ЕУ дека двете земји треба да ги почнат преговорите за влез во Унијата и дека билатералните прашања меѓу земјите не треба да бидат ставани во рамката за пристапните преговори. Милошоски истакна дека денеска, кога во Луксембург ...

Read More »

Никола Ѓурѓај избран за член на албанскиот Национален совет за граѓанско општество

Македонците во Албанија за првпат добија свој член во Националниот совет за граѓанско општество, институција формирана од Владата на премиерот Еди Рама во 2015 година. По гласањето што беше спроведено онлајн најголема поддршка доби Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кој е и единствен претставник од редовите на малцинствата.  Посебна благодарност до сите организации и поединци  кои гласаа за мене и ...

Read More »

Неколкупати поголема фреквенција на премините Џепиште-Требиште и Блато кај Дебар

На граничните премини Џепиште-Требиште и Блато кај Дебар, во изминатиот период од годинава забележана е за неколкупати поголема фреквенција, споредено со истиот период минатата година. Намалената фреквенција лани беше поради пандемијата со Ковид-19 кога и двата премина по тримесечниот привремен прекин повторно беа отворени на 30 јуни. Во периодот од први јануари до вчера на граничниот премин „Блато“ за влез евидентирани се ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер гo погоди Егејското Море

Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер ги погоди Додеканските Острови во Грција и пограничната област со Турција. Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од 2 километри. Земјотресот се почувствувал на островите на југоистокот на Егејското Море, вклучувајќи ги Кос, Родос и Крит. Нема извештаи за евентуални жртви или причинета ...

Read More »

Николоски од Стразбур до Бугарија: Може колку сакате да не блокирате, за ЕУ ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик, тоа го знае цела Европа (ВИДЕО)

Јас ќе зборувам во врска со Извештајот од последните парламентарни избори во Бугарија. Генерално Извештајот е добар, тој ги потенцира недостатоците во изборите, како и злоупотребите и нелегалните активности, пред се би ги потенцирал, а би рекол ова се и долгорочни проблеми како обвинувањата за купување на гласови, заплашување на гласачите, кои што се преземани врз економско – социјално ранливи ...

Read More »