Author Archives: Весник Илинден

Во Албанија за првпат во оптек банкнота од 10.000 лекa

За првпат, Централна банка на Албанија пушта во оптек банкнота од 10.000 лека, чијашто вредност одговара на нешто повеќе од 80 евра или 100 американски долари. Според гувернерот Гент Сејко, банката на овој чекор се одлучила со цел да одговори на зголемената побарувачка за готовина во земјата со растот на економската активност, како и побарувачката за „физички банкноти со повисок квалитет ...

Read More »

Почина Виолета Сековска македонската поетеса 1962 – 2021

Вчера на 15 јуни 2021 година, ненадејно на педесет и девет годишна возраст од мозочен удар почина македонската поетеса Виолета Сековска. Виолета Сековска е родена на 2 мај 1962 година во Скопје. Зад неа ги остави сопругот Јоцо, синот Панче со внуката и ќерката Сара. Беше почитувана сопруга, мајка и баба, во душа и со дело Македонка! Виолета Сековска основно ...

Read More »

ЕУ ќе ги олеснува ограничувањата за патување на македонските граѓани

Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот. Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сѐ уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид 19. Пандемијата не ...

Read More »

Почна историската средба меѓу Путин и Бајден (ВИДЕО)

Денеска во Женева, Швајцарија, се одржува самитот помеѓу претседателите на Соединетите американски држави и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин. На самитот, кој е последниот во турнејата на Џо Бајден во Европа, ќе се дискутираат клучни прашања во билатералните односи помеѓу двете земји. Путин и Бајден последен пат се видоа пред 10 години, кога тој служеше како потпретседател во администрацијата ...

Read More »

Официјално отворена Амбасадата на Македонија во Братислава

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата на земјава во Словачка, во присуство на неговиот словачки колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок. Сигурен сум дека овој нов убав и топол дом на Македонија во Словачка, ова катче ќе биде уште една точка преку која ќе ја развиваме нашата соработка, еден вид ...

Read More »

На денешен ден роден е Павел Шатев – истакнат македонски револуционер

Во Кратово на денешен ден, 15 јуни во 1882 година е роден Павел Шатев, истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станал еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство. Основното училиште го завршил во родниот град, а потоа се запишал во прогимназијата во Скопје. ...

Read More »

Албанскиот Парламент ја достави одлуката за разрешување на претседателот Мета до Уставниот суд

Албанскиот законодавен дом попладнево до Уставниот суд ја достави одлуката за разрешување на претседателот Илир Мета. Уставниот суд има рок од три месеци да одлучи дали ќе го разгледа случајот или не, додека нема ограничување во времето до кога мора да го заврши судењето и да донесе одлука. Треба да донесе конечна одлула дали наодите на Собранието, за сериозно кршење ...

Read More »

Стерјовски побара повеќе средства за РТШ за да се формира редакција на македонски и на другите малцинства

На денешната пленарна седница на албанскиот парламент, пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски побара од Владата финансиски да ја подржи државната телевизија, со цел да се формираат редакции на малцинствата, вклучувајќи ја и редакцијата на македонски јазик. Потсети дека според законот „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, пред речси четири години, албанската државна радио-телевизија ...

Read More »