Автобус влета во бензинска пумпа на Косово, две лица загинаа (ВИДЕО)

Тешка сообраќајка несреќа  се случи во близина на косовското село Лугаѓи кога автобус изгуби контрола и удри во бензинска станица. Загинаа две лица, а трето се бори заживот.

До несреќата дошло кога автобусот, што сообраќал на релација Приштина – Урошевац, во обид да избегне директен судар со возило од спротивен правец, се занесол и удрил во возило што излегувало од бензинска пумпа крај патот. Влетувањето на автобусот во бензинската станица го снимиле надзорните камери.