Балканската мигрантска рута треба да остане затворена

Претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека балканската мигрантска рута треба трајно да остане затворена. Таа ова го изјави, во текот на вториот ден од учеството на безбедносната конференција „GLOBSEC 2017“, во Братислава, пренесе ХРТ.

Доколку одредени земји примат одреден број мигранти или азиланти, тие можат директно и многу поевтино, без помош на трговците со луѓе, да дојдат до овие држави, вели таа, додавајќи дека потенцијален нов бран миграција сигурно ќе го дестабилизира југоистокот од Европа изјави Грабар-Китаровиќ˝.

Advertisement