БиХ: Jа предупреди Хрватска ќе прогласиме суверенитет на дел од Јадранот

 

Ако Хрватска ги продолжи активностите за изградба на Пељешки мост, Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина ќе предложи еднострано прогласување на суверенитет на БиХ во тој дел на Јадранот, на начин како што тоа го направиле поранешните југословенски држави, а не се исклучува ни можноста за покренување на постапка пред надлежните правосудни инстанци, предупреди ресорниот министер Адил Османовиќ. За постоечките правни пречки за изградбата на Пељешки мост, Османовиќ го извести хрватскиот колега Олег Бутковиќ.

Ако вашето Министерство, т.е. надлежните органи и тела на Република Хрватска, продолжи со активностите во поглед на изградбата на Пељешки мост унилатерално, со жалење мораме да ве известиме дека Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина ќе биде принудено, во рамки на своите надлежности, да покрене активности за излез на БиХ од Догворот за државната граница меѓу Република Хрватска и БиХ, се наведува во писмото на Османовиќ.

Тој понатаму пишува дека во тој случај ќе пристапи на еднострано прогласување на суверените права на Босна и Херцеговина според Конвенцијата на Обединетите нации за права на морињата, по пат на посебен нормативен акт, потенцирајќи, како што тоа го направија сите поранешни југословенски земји кои излегуваат на Јадранското Море.

Исто така, укажа дека во подоцнежната фаза не е исклучено и заштитата на правата на Босна и Херцеговина на морето, според Конвенцијата на Обединетите нации за право на морињата, да се побара пред надлежните судски инстанци, согласно релевантните одредби од меѓународното право.

Тој наведе и дека на ниво на Меѓудржавните дипломатски комисии за идентификација, означување и одржување на државните граници меѓу БиХ и Хрватска е усогласено во јуни 1999 година, со предлог Договорот за државната граница меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска.

Составниот дел на овој предлог го сочинуваше мапа со 86 геодетски карти во размер 1:25000, на која е нацртана, т.е. идентификувана граничната линија. Предлог Договорот за државната граница меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска, заедно со мапата со графички прилози, го потпишаа овластени претставници на амбасадите на двете држави, а како сведоци овој предлог го потпишаа и претставниците на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ, кои го следеа целиот процес на работата.

Инаку, Договорот за државната граница меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина го потпишаа на меѓународно државно ниво на 30 јули во 1999 година, тогашниот претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ и претседателот на Хрватска Фрањо Туѓман.