Свет

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека одобрила вакцина против големи сипаници да се применува во превенција од мајмунски сипаници. ЕМА препорача антивирусната вакцина Имванекс да биде вклучена во заштитата на возрасните лица од мајмунски сипаници, соопшти европскиот регулатор за лекови. Се оценува дека вакцината против големи сипаници обезбедува цврста заштита од мајмунски сипаници, но не е познато колку долго ...

Read More »

Русија и Украина потпишаа договор за извоз на житарки

Во Истанбул е потпишан договорот со кој се овозможува Украина да го обнови извозот на жито. Делегатите штотуку го завршија потпишувањето на денешниот договор, кој ќе овозможи од Украина да се извезат околу 20 милиони тони жито, кое беше подложено на руска блокада. Договорот попладнево во Истанбул го потпишаа Украина, Русија, Турција и генералниот секретар на ОН. Турција помогна да се ...

Read More »

Регион Приднестровје во Молдавија бара независност и можно приклучување кон Русија

Министерот за надворешни работи на молдавскиот регион Приднестровје, кој граничи со Украина, денеска изјави дека е посветен на постигнување независност и можно обединување со Русија. Контингент руски мировници е стациониран во Приднестровје од 1992 година. Аналитичарите сметаат дека Путин всушност се обидува да ја преземе контролата врз територијата на која живеат околу 470 илјади луѓе, пишува The Guardian. Во јуни, ...

Read More »

Шолц: Унијата ја губи почитта поради себичните интереси на некои членки

ЕУ повеќе не може да си дозволи поединечни членки да „инвестираат национално вето“ од себични причини кога одлучуваат за својата надворешна и безбедносна политика, доколку сака да ја задржи водечката улога во глобалната политика, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Поради „војната на Москва во Украина“, Европа мора да се обедини што е можно поскоро, а тоа го зголемува притисокот да ...

Read More »

Орбан: ЕУ сама си пукаше во гради со непромислени санкции против Русија

Унгарскиот премиер наведува дека, иако на Украина и е потребна помош, европските лидери треба да ја преиспитаат својата стратегија бидејќи санкциите и нанесоа голема штета на европската економија, притоа не ја ослабнаа Русија ниту пак повеќемесечната војна не ја доближуваат до решение. Европската унија си пукаше во гради со непромислени економски санкции против Русија поради нападот врз Украина, кои, доколку ...

Read More »

Европол: Осомничени поврзани со тероризам патуваат во ЕУ преку Западен Балкан

Осомничени поврзани со тероризам патуваат во ЕУ користејќи ги услугите на криминалните мрежи за криумчарење мигранти, се предупредува во Извештајот за тероризам на Европол. Во извештајот се додава дека тие рути го вклучуваат источниот Медитеран, влезот во Грција од Турција и натаму патувања преку Западен Балкан до ЕУ. Како што беше нагласено, осомничените терористи или насилните екстремисти, вклучително и поединци ...

Read More »

Египет, Турција и Саудиска Арабија сакаат да станат членови на БРИКС

Претседателот на БРИКС, меѓународната асоцијација на економии во развој, Пурнима Ананд денеска изјави дека Турција, Египет и Саудиска Арабија сакаат да се приклучат на оваа група што ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Ананд изјави дека одлуката за прием на некои од земјите може да се донесе за време на следниот самит на организацијата во 2023 година. ...

Read More »

Хрватска официјално примена во еврозоната

Советот за економски и финансиски работи на Европска унија (Екофин) ги усвои трите конечни правни акти, со кои Хрватска на 1 јануари 2023 година ќе може да го воведе еврото.„Би сакал да му честитам на мојот колега Здравко Мариќ и на цела Хрватска што стана 20-та земја што се приклучи на еврозоната. Воведувањето на еврото не е трка, туку одговорна ...

Read More »

Путин го потпиша указот за забрзано добивање руско државјанство за Украинците

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој на Украинците во сите делови на земјата им се дозволува да добијат руско државјанство. Указот потпишан денеска предвидува дека сите украински граѓани и лица без државјанство кои живеат во Украина можат да добијат руски пасоши преку истата поедноставена процедура што беше воведена во 2019 година. Постапката им овозможи на жителите на делови ...

Read More »

Олаф Шолц присуствувал на забава на која жени биле силувани со „дрога за силување“

Најмалку девет жени кои присуствувале на забава организирана од германската Социјалдемократска партија (СПД), во која бил и канцеларот Олаф Шолц, биле дрогирани со супстанца позната како „дрога за силување“, објави СПД. Портпаролот на партиската пратеничка група во парламентот го потврди пишувањето на берлинскиот весник Тагесшпигел и додаде дека досега се потврдени девет жртви. Берлинската полиција соопшти дека истражува тешка телесна ...

Read More »