
Договорот попладнево во Истанбул го потпишаа Украина, Русија, Турција и генералниот секретар на ОН. Турција помогна да се постигне договорот со Русија за деблокирање на извозот на жито од Украина преку Црно Море. Договорот потпишан од Русија, Украина, ОН и Турција е „светилник на надеж“ во војната, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Договорот што претставниците од сите страни штотуку го потпишаа во Истанбул значи дека Русија се согласува со примирје за да дозволи извоз на жито. Турција ќе ги проверува бродовите за да се увери дека не носат оружје.
Тоа се смета за дипломатска победа во војната, која сега влегува во шестиот месец.
Но Гутереш додаде дека договорот „не дојде лесно… тоа беше долг пат“. Украина ја отфрли можноста за потпишување директен договор со Русија – наместо тоа двете земји потпишаа два исти договори.
Цената на пченицата падна на светските берзи, откако се појавија вестите за договорот. Украина е еден од најголемите светски производители на жито, а Русија ги блокира нејзините главни пристаништа на Црно Море.Светскиот недостиг од украинско жито ги цените на храната и остави милиони луѓе во ризик од глад.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden