
Слика: Излет на Македонците во Тирана за Илинден во 1937 година
Македонското друштво “Илинден“-Тирана го честита Денот на Републиката – 2 Август, празникот на двата историски Илиндена: 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ.
„Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата македонска државност“, стои во честитката.
Илинден е ден кога со длабока почит се сеќаваме на бројните револуционери и борци кои со својата храброст, пожртвуваност и крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Да го одбележиме Денот на двата Илиндена со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем национален празник.
Честит 2 Август – Денот на Републиката! Нека е вечен Илинден! – се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden