
Директорите на царинските управи на Македонија и Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели денеска на граничниот премин Ќафасан го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји.
Како што соопштија од Царинската управа, со потпишувањето на протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, пократко време на чекање на граница, односно поквалитетни услуги за економските оператори и патниците.
Директорот Богоев истакна дека на овој граничен премин се завршени сите потребни инфраструктурни зафати и дека блиската соработка меѓу службите на царинските управи и граничните полиции на двете земји ќе резултира со забрзување на протокот на стоки и патници и ќе ги подобри резултатите при откривање на нелегални активности на граница, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста за граѓаните.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden