Дејан Георгиевски на Европското првенство во таеквондо се закити со бронзениот трофеј

 

Тој настапи во категоријата до 87 килограми и по победите над Емре Атлеси од Турција и Гркот, Панајотис Танеинос се пласираше во полуфиналето каде загуби од рускиот репрезентативец, Вадим Мелников. Георгиевски уште во првиот меч се здоби со фрактура на левата нога и доколку немаше проблеми со сериозната повреда тој ќе се вклучеше и во трката за златото.

Advertisement