Ден на Македонска култура во Копенхаген

Со цел зачувување и негување на македонските културни и историски вредности и традиции, како и зајакнување на комуникацијата помеѓу македонските иселеници кои живеат во Данска и татковината Македонија, Групата за промоција на македонските вредности во Данска, како носител на проектот, организира манифестација насловена “Ден на македонската култура“. Манифестацијата “Ден на македонската култура” ќе се одржи на 6 мај во Копенхаген, во просториите на Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски”, со почеток во 18.00 часот.

Поканата е отворена за сите Македонци и Данци. Нивното присуство на за нас ќе претставува особена чест и задоволство, а заедно сигурно ќе дадеме уште поголема важност на оваа Манифестација која прерасна во традиционална. Овој и сите идни проекти од овој тип се од исклучително значење, како за афирмирање на меѓусебната комуникација помеѓу Македонската заедница во Данска, така и за поттикнување на соработка со сите институциите во Македонија, – изјави раководителот на проектот Силвана Миленкова. Во рамките на Манифестацијата планирано е одржување на трибина, музички изведби на реномирани уметници како и поетско-музички перформанс, со учество на истакнати професори и уметници од Македонија.

Advertisement