Џудистката Борјана Поп Атанасова стана балканска шампионка во категорија за пионери

На првенството за џудо на Балканскиот шампионат кое викендов се оддржа во Никшиќ, Црна Гора, Борјана Поп Атанасова на доминантен начин стигна до шампионскиот наслов во категоријата +63 килограми и се закити со златен медал, додека пак Лилјана Недановска немаше среќа во финалната борба во категоријата до 57 килограми, па мораше да се задоволи со сребрен медал.  Поп Атанасова и Лилјана Недановска ја продолжија серијата на успешни настапи на македонските џудисти на балканските шампионати. Поп Атанасова ја зголеми колекцијата на медали на ЏК Миоки по бронзениот медал на Хамза Јашари на Европското првенство за кадети во Сараево, додека среброто на Недановска е голем поттик за ЏК Преспа, докажувајќи дека има преспективна женска екипа.