Еден милион Грци прифаќаат решение на спорот со уставното име на Република Македонија

Секој десети грк или над еден милион граѓани на јужниот сосед немаат никаков проблем со уставното име на Република Македонија како решение на догогодишниот билатерален спор.

Во истражување спроведено минатата година во рамки на проект во кој се инволвирани македонски и грчки универзитети, невладини организации, и експерти од повеќе области направено е истражување на јавното мислење поврзано со повеќе прашања.

Истражувањето е спроведено на барање на Хеленската фондација за европска и надворешна политика, (ЕЛИАМЕП) која што се смета за академска институција со силно влијание во грчката влада во поглед на односите со Македонија и генерално за прашања од надворешната политика. За нас најитересно е прашањето за име кое што може да биде прифатено како решение на спорот меѓу двете земји.

Според истражувањето 10 % од жителите на Грција (вкупно население во 2017 година 10,8 милиони) би прифатиле Грција да ја признае земјава под уставното име Република Македонија. Околу 28 % од Грците се согласуваат со сложено име кое што би го содржел зборот Македонија а дури 57 % инсистираат на решение на името во кое што нема да се споменува Македонија. Околу 5 % од населението во јужниот сосед не знае или не сака да каже што мисли за ова прашање./www.expres.mk

Advertisement