Едмонд Темелко излегува од притвор судот мерката ја замени со куќен притвор

Kривичниот совет му го укинал притворот на Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) во Албанија, и му определил мерка куќен притвор, потврдуваат од Кривичниот суд.  Кога тој ќе може да го напушти притворското одделение зависи од процедурата за прием на решението и негово спроведување. Инаку Темелко беше притворен пред два месеци на барање на Специјалното јавно обвинителство бидејќи тој е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“ а според судот не ја почитувал мерката на претпазливост која му беше определена забрана за напуштање на државата.

Advertisement