ЕУ препорачува реформи и соработка во Западен Балкан не опасни изјави

Изјави, кои можат да се толкуваат како политичко мешање во внатрешните работи на соседна држава, не помагаат во градењето добрососедски односи во Западен Балкан, изјави за Танјуг портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Таа нагласи дека наместо да се даваат опасни изјави сите во регионот треба да се фокусират на реформите и соработката. Коцијанчич изјави дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го потенцирале тоа. Портпаролката на ЕК изјави дека ЕУ се придржува кон принципите на помирување и регионална соработка во Западен Балкан.

Advertisement