Европски суд за човекови права: Бугарија да и плати на ОМО „Илинден“ 33.000 евра

 

Европскиот суд за човекови права пресуди Бугарија да ѝ плати на ОМО „Илинден“ 33.220 евра за штетите што се нанесени со одбивањето на регистрацијата на организацијата и забраната за собири, објави Независната балканска новинска агенција (ИБНА).

Европскиот суд за човекови права ги објави пресудите за случаите на ОМО „Илинден“, Јордан Иванов и други, како и Кирил Иванов против Бугарија. Првите два случаи се однесуваат на жалбите против одбивањето на властите да дозволат регистрација на здружението во Бугарија во периодот 2012-2013 и 2014-2016 година. Третиот случај пак се однесува на жалбата за забраната за собири на граѓаните кои се поврзани со здружението во 2006 и 2007 година.

Advertisement