Германскиот репрезентативец Дисингер две години во Вардар

Германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер и официјално е нов ракометар на Вардар откако потпиша двегодишен договор. Левиот бек пред два дена го раскина договорот со германскиот гигант Кил и реши да се пресели во Скопје во редовите на „црвено-црните“. Германецот има 26 години беше близу до трансфер во Вардар и пред неколку години, но тогаш не дојде до соработка.

Дисингер би требало да му ја олесни работата на Вуко Борозан на позицијата десен бек, по повредата на Сергеј Горбох. Младиот Грегор Оцвирк кој исто така дојде да ја засили оваа позиција и натаму нема голема минутажа. Овој ракометар својата кариера има настапувано за екипите на ТСГ Фреиззенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015) и од 2015 година за Кил. За екипата на Кил има одиграно 130 натпревари и постигнато 235 гола.