Признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име, грчката држава нема право да дава име на која било друга држава, признавање на етничкото македонско малцинство и на сите етнички малцинства што живеат во Грција и давање целосни права на малцинствата, бара Организацијата на комунистичките интернационалисти на Грција – „Спартак“.

„ Не за националистички демонстрации. Улиците припаѓаат на интернационалната солидарност, а не на националистичката омраза“ бара ОКДЕ која се бори против капитализмот, империјализмот и национализмот. Групата се залага за бара „социјалистички и интернационален Балкан без војна и газди“.

Во образложувањето на овие барања ОКДЕ потсетува дека „Македонското прашање“ не е историско прашање, туку модерна политика. Групата семета дека терминот „македонски“ се користи за дефинирање на нацијата, е исто толку стар колку и на другите во регионот, а не е изум на 90-те со иредентистички мотиви./www.expres.mk