
Претседателот на Македонското друштво “Илинден“–Тирана, во рамки на програмските активности, оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија.
На средбата разговаравме за улогата и значењето на архивската дејност, како и за можностите за понатамошна соработка во насока на зачувување, афирмација и промоција на македонското историско и културно наследство на Мaкедонците во Република Албанија- информираше Ѓурѓај.
Додава дека средбата минала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за продлабочување на соработката од заемен интерес. Посочува дека Друштвото е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Албанија, мисија која продолжува со несмалена динамика.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden