Илинден одбележан кај Македонците во Западна Австралија

 

Со свечена академија и богата културно- уметничка програма Македонската општина на Западна Австралија го одбележа претстојниот македонски национален празник Илинден. Одбележувањето започна во дворот на црквата „Св. Никола“ во Перт, со панихида за паднатите борци за слободата на Австралија и Македонија, а пред споменикот на паднатите борци венци положија македонските преживеани борци, организации и здруженија. Од име на Република Македониа венец положи почесниот конзул Зоран Ќосески.