Интервју за Сител: Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана

Албанскиот парламент со  102 гласа “за” и 10 “против” го усвои законот за заштита на малцинствата . Во законот, во последен момент, е ставено и бугарското малцинство. До ваквиот пресврт дојде откако Софија ја уцени Тирана дека ке го блокира процесот на започнување прегворите за членство во Европската Унија. Од партијата на македонците во Албанија, но и од македонските друштва остро се осудува ваквиот потег на албанските власти.  Во  Албанија немало ниту ке има бугарско малцинство, велат тие.

Баравме од пратениците да не се прфаќа, зашто тоа не е во интерес само на македонското малцинство, туку исто така е национален интерес на Албанија да не го прифаќа имагинарното бугарско малцинство, зашто утре последиците ќе бидат многу сериозни за Албанија. За сѐ нешто ќе биде уценувана од Бугарија. Но ете се случи и тоа што најмалку го очекувавме.Ова е геноцицдврз Македонците и деформација на историјата и на вистината пред очите на Европа“ изјави за МИА претседателот на македонското друштво „Илинден“,Никола Ѓурѓај .

Од огранокот на Илинден – Голо Брдо велат дека Софија агресивно делува на теренот каде живее  макеоднско малцинство, користејки ја политиката на пасоши.

Остро реагираа и од Македонската алијанса за евроинтеграција, оценувајки го признавањето на непостоечко бугарското малцинство во области Преспа, Голо Брдо и Гора како  сериозно кршење на меѓународното право.

Претходно, шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати рече дека поседувањето бугарски пасош не е доказ дека во Албанија има Бугари, како што нема ниту италијанско малцинство, иако голем дел од популацијата има италијански пасош.