Истрага во Атина, суспендиран шефот на информативното биро на Европскиот парламент

Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) отвори истрага за финансиски малверзации, против шефот на информативното биро на Европскиот парламент во Атина Леонидас Андонакопулос и двајца негови соработници. Според грчкиот весник „Катимерини“ тие се суспендирани од работните места. Заменичката на потпаролот на Европарламентот, Маржори Ван ден Брук изјавила дека постојат сериозни сомнежи за сомнителни финансиски трансакции од страна на засегнатите лица.