Иванов: Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО но сепак беше блокирана

Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО, сепак беше блокирана и оставена сама на себе. Аргументите за блокадата на Македонија се аргументи измислени за време на студената војна кои немаат место во проектот за обединета слободна и мирна Европа, порача претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во обраќањето на 21.Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската повелба. Според претседателот, отворената врата да влеземе во Алијансата е метафорична покана, но сепак Македонија со НАТО ги споделува истите вредности, интереси и приоритети.

Advertisement