Јужна Кореја лансирала балистичка ракета како одговор на заканите на Северна Кореја (ВИДЕО)

Јужна Кореја испалила ноќта помеѓу неделата и понеделникот балистичка ракета како одговор на севернокорејската провокативна детонациска направа за која Пјонгјанг тврди дека е минијатурна верзија на хидрогенска бомба, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Војската на Јужна Кореја извела вежба во која симулирала напад на севернкорејското нуклеарно постројување, гаѓајќи „одредени цели во Источното море“, наведува Јонхап повикувајќи се на Здружението на генерлаштабот на јужнокорејските вооружени сили.

Јужнокорејската војска соопштила дека нејзините воздушни сили и копнена војска извеле ракетна вежба како одговор на севернокорејската шеста нуклеарна проба, додавајќи дека во вежбата целна област била таа во која таа проба е изведена во неделата.

Во воената вежба на Јужна Кореја се користени ракети од долг домет воздух-земја и балистички ракети. Во меѓувреме САД во неделата вечерта предупредија дека би можеле да понудат „воен одговор со големи размери“ на заканите на Северна Кореја.

 

Advertisement