Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Бугарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Бугарија во контролен натпревар со 80:70 (15:11, 23:25, 19:18, 23:14), кој вечерва се одигра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските кошаркари кои се подготвуваа за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2019, ја забележаа првата победа во контролите натпревари.

Против Бугарија, играта на избраниците на селекторот Давитков осцилираше во мекои моменти, но кога беше најпотребно најискусните се погрижија да нема неизвесност околу победникот. Тасовски со 18 поени (4 тројки) ја предводеше Македонија, поен помалку постигна Војдан Стојановски, Теодор уфрли 15, а Чековски 12 поени. Давитков се неговите избраници ќе ги продолжи подготвките до 20.јули кога ќе започне „Трофеј Македонија“, на кој покрај македонската репрезентација ќе учествуваат Португалија, Холандија и БиХ.