Лидерот на ММДЧП Николов до ВМРО-ДПМНЕ: Треба да има еден став за името

Лидерот на Македонското движење за меѓународна соработка (ММДЧП) Бил Николов апелира македонската опозиција да има само еден став за името на државата.

До ВМРО единствен став за спорот за името што треба да го имате е: Нема да го смениме и нема да преговараме за нашето име. Името е универзално загарантирано право. Точка. Стоп за принудното менување на името. Дипломатските игри околу нашето име ја уништуваат Македонија. – пишува Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.