Македонецот Ален Амедовски со петти триумф македонското знаме се вееше во Верона

 

Македонецот ММА борец Ален Амедовски продолжува со извонредната серија победи која навестува сензационална кариера во профи рингот. 29 годишниот борец кој е родум од Центар Жупа, Македонија вечерва во ПалаФероли во Верона, Италија го победи Мароканецот Бадр Мамду со прекин во втората рунда односно со технички нокаут. Тоа беше борба на предизвикувачи во категоријата до 84 килограми со која низата на победи на Амедосвки продолжи до пет врзани и тоа без пораз. Победата со прекин не е ништо ново за Ален кој и во претходните четири настапи бриљираше во мечевите на Апенините и главно во Милано со Саммарко, Дорошкин, Ткачи и Фантасиа во кои исто извојува брзи и ефектни победи. Од извонредната борба на Ален Амедовски во Верона овој пат го извлекуваме неговиот влез во кафезот кој беше извонреден, впечатлив и преполн со победнички набој.