Македонија до 19 години го прегази Лихтенштајн победа 6:0

 

Македонската репрезентација до 19 години со убедлива победа од 6:0 против Лихтенштајн и максимални девет бодови фи заврши натпреварите од групата за пласман во Елитната УЕФА фаза за ЕП. Младите фудбалери од нашата „златна генерација“ приредија гол-шоу на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и на најдобар можен начин потврдија дека имаат голем потенцијал.

Ова е за прв пат една македонска репрезентација да заврши со максимални девет бода во квалификации. Дарко Чурлинов погоди во 3. минута, а четири минути подоцна Колевски зголеми на 2:0. До полувремето веќе беше 3:0 со на голот на Митровски. Токму Димитар Митровски погоди за 4:0 во 54. минута, мрежата на гостите два пати ја тресеше и Миовски за конечни 6:0. Македонија претходно во квалификациите со идентични 2:1 славеше над Белгија и Швајцарија. Момците на селекторот Вујадин Станојкивиќ покажаа дека имаме генерација за блескава иднина.

 

Advertisement