Премиерот Заев по меѓувладината седница во Поградец: Потпишавме значајни документи за Македонија и Албанија

Македонија и Албанија се решени да ги исполнат потребните критериуми и домашни задачи, со цел догодина да ги започнат преговорите за членство во ЕУ. На првата меѓувладина седница што се одржа во крајезерсиот албански град Поградец, премиерите на двете земји изразија силни волја и подготвеност да направат се што е во нивна моќ регионот да се придвижи кон зацртаната цел, оценувајќи дека е отворено ново поглавје во билатералите односи на двете земји. Република Македонија и Република Македонија ја споделуваат визијата за заедничка и просперитетна иднина на регионот интегриран во ЕУ и НАТО. Со право очекуваме дека следната 2018 година ќе започнеме преговори за членство во Европската унија и Македонија и Албанија. – истакна македонскиот премиер Заев. Имавме можност да разговараме за доизградба на Коридорот 8, односно пругата од Кичево до Лин, што на Македонија ќе и го отвори патот до пристаништето Драч што е од исклучителна важност за бизнис заедницата – додаде премиерот Заев.

Во насока на подобрување на инфраструктурата и на слободниот проток на луѓе, стока и услуги на седницата во Поградец било разговарано за воведување на еднопасошка контрола на ГП Ќафасан, а Албанија очекува одговор од Македонија и околу можноста за патно поврзување кај Дебар. Добив гаранции од премиерот дека македонската страна ќе работи на изработка на физибилити студија за влијанието врз животната средина на овој патен правец врз националниот парк „Маврово“. – рече премиерот на Албанија Еди Рама.

Двајцата премиери денеска ќе ја посетат областа Мала Преспа и општеина Пустец во Албанија каде живее македонско население. Македонската заедница во Република Албанија е исклучително значење и внимание – додаде албанскиот премиер Рама. Средбата во Поградец е прва заедничка на владите на Македонија и Албанија, а премиерот Заев изрази надеж дека таквата практика ќе продолжи и во иднина и упати покана до албанскиот колега следната ваква средба да се одржи во Охрид или Струга во првата половина од 2018 година.