Македонија го победи Израел во квалификациите за СП 2018

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел во натпревар од квалификациите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во Русија. На средбата одиграна вечерва во Хаифа, а во рамките од 7.коло на Г групата, Македонија го победи Израел со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол за црвено-жолтите беше капитенот Горан пандев во 73.минута по одличната асистенција на младиот Елиф Елмас. За нашата репрезентација ова беше втората победа во квалификациите, а веќе во вторник ја очекува нов дуел и тоа во Струмица каде ќе гостува Албанија.