Македонија има нов 12-годишен спортски херој Maрко го преплива Охридското Езеро (ВИДЕО)

Марко Пејчиноски 12-годишниот утрово во 09:30 часот од Св. Наум, се впушти да го оствари својот подвиг и да го преплива Охридското Езеро – пишува порталот “Оhridnews”. од каде ја следеа целодневната авантура на Марко. Иако езерото било разбранувано, Марко околу 18:30 часот се очекува да пристигне на охридското пристаниште.

Малиот херој направи нешто што не би успеале голем број професионални пливачи. Како што вели Марко за “Оhridnews” секојдневно тренирал и пливал по 5 километри, а денеска ниту неповолните води во езерото не го поколебаа во својата намера да го оствари својот сон. Неговата битка трае цели 8 ипол часови, а моментално ја плива последната етапа од хотелот Горица до градското пристаниште.