Македонија: Комисијата за заразни болести предложи затворање на училиштата и градинките 14 дена

Комисијата за заразни болести на денешната седница донесе заклучоци со кои се прошируваат мерките за заштита од коронавирусот. Таа препорача сите училишта, факултети и градинки да бидат затворени во следните 14 дена. Исто така препорака е да се забранат сите масовни собири на отворено, а сите спортски настани да бидат без публика. Сите лица кои доаѓаат од високо и средноризични земји да бидат во самоизолација 14 дена. Владата на денешната седница треба да ги усвои овие препораки од Комисијата за заразни болести.