Македонија официјално e членка на Црноморската економска соработка

Од 9-ти ноември Македонија и официјално членка на Црноморската економска соработка. Oва носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции. На прес – конференција, шефот на дипломатијата, Бујар Османи изјави дека членството создава нови услови и можности за привлекување странски инвестиции и создавање дополнителни потенцијали за домашните бизниси, оособено оние што се извозно ориентирани. Обемот на трговија во рамките на Црноморската економска соработка изнесува приближно 170 милијарди долари годишно. „Важно е да се потенцира дека оваа организација е вториот најголем извор на нафта и природен гас, со што претставува еден од главните снабдувачи  на енергија на Западна Европа. Постои широк обем на соработка помеѓу земјите членки на БСЕК и Македонија, рече Османи, додавајќи дека уште на самиот почеток земјава ќе се стреми веднаш активно да се вклучи во секторските сфери на соработка, почнувајќи од трговијата и економскиот развој, банките и финансиите, комуникацијата, енергијата, транспортот, земјоделството и агроиндустријата, здравствената и фармацевтската грижа, заштитата на животната средина, туризмот, науката, технологијата“, рече Османи. Четири од нашите пет соседни земји, додаде Османи, веќе се членки во оваа организацијата.