Македонија: Пукање со автомати во хотелот „Александар Палас“ еден е ранет

За среќа нема повредени во оружениот инцидент кој се случил ноќеска во Скопје. Од полицијата велат дека триесетина минути после полноќ во полиција е пријавено дека имало пукање од огнено оружје во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, извести МВР.

Според пријавата во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), И.Е. (25), Б.О. (35), И.К. (41) и Ќ.Љ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив.

Тогаш Ќ.Љ. полициски службеник кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал неколку куршуми кон напаѓачите, по што тие избегале. Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.