Македонија станува балканскa автомобилската индустрија

Македонија ја развива автомобилската индустрија, влезот на големи странски компании во овој сектор го раздвижи пазарот на труд, придонесе за создавање нови партнерства со домашните компании, се креираа индиректни работни места, пишува Лидер. „Ван Хол“ и другите компании во Бунарџик, „Леар“ во Тетово, „Кромберг и Шуберт“ во Битола, „Дрекселмаер“ во Кавадарци, „Маркард“ во Велес, „ОДВ Електрик“ во Охрид, „Адиент“ во Струмица, „Техникал текстајлс“ во Штип, „Амфенол“ во Кочани, „КСС“ во Кичево се само дел од компаниите кои почнаа да работат во земјава и сериозно ја променија сликата за македонската економија.

Македонија стана извозник на софистицирани производи со поголема вредност. Од Македонија најмногу се извезуваат производи наменети за автомобилскиот сектор. „Џонсон Мети“, „Ван Хол“ и „Адиент“ се трите компании кои имаат најголем извоз од компаниите од зоните во земјава, објаснува првиот човек на слободните економски зони, Виктор Мизо. Во дел од градовите веќе се чувствува притисокот врз пазарот на труд. Се бараат работници кои одговорат на потребите од кадар на странските инвеститори.

Advertisement