Македонска алијанса за европска интеграција не успеа да обезбеди пратенички мандат во новиот парламент на Албанија

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) не успеа да обезбеди пратенички мандат и во новиот албански парламент, на изборите беше во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција, ЛСИ, чиј поранешен лидер е ново избраниот претседател Илир Мета. Единствен кандидат беше Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата и познат активист за правата на Македонците, кој беше на кандидатската листа на ЛСИ во изборна единица Корча.

Во изборната едница Корча се избраат 11 пратеници. Од 85 отсто пребројани гласови шест пратеници има  Социјалистиката партија, четири Демократската и само еден ЛСИ. Веќе е јасно дека немаме шанси за пратенички мандат, бидејќи се наоѓам на петтото место на кандидатската листа.  Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на претходните избори, во јуни 2013 година, учествуваше со своја листа на која носител беше универзитетската професорка Валентина Нестор, но не успеа да го обезбеди потребнот број гласови.

Advertisement