Македонската ракометна репрезентација во осминафиналната рунда го елиминираа Алжир 24:20

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 21 година ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство. Нашите момци одиграа храбро и во осминафиналната рунда го елиминираа домаќинот Алжир со 20:24. Избраниците на селекторот Илија Темелковски покажаа како се бранат националните бои. Не се уплашија ниту од преполната сала и одличната поддршка која ја имаа домаќините.

Во речиси целиот тек на мечот, борбата беше неизвесна. Македонија водеше со 6:5 во 17 минута, а потоа следеше серија од 3:0 на домаќините за водство од 8:6. На полувреме Алжир имаше предност од 11:10, што најавуваше неизвесна борба во вториот дел.

Фантастино беше второто полувреме за Македонија. Одлична одбрана и прецизно во нападот беше најава за голема победа. Прв пат се одлепивме на 17:15 и до крајот не ја испуштивме предноста. На крајот Македонија се радува на победа од 24:20.

Advertisement