Македонската заедница на Малта е против промената на уставнто името

Македонската заедница на Малта најостро го осудува последниот потег на премериот Зоран Заев со кој буквално го погази и поништи светото македонско име за кое животот го положиле нашите предци. Згрозени сме од фактот што без ни малку срам поразот и капитулацијата на дипломатијата, премиерот ја претставува како успех. Успех со кој еднаш засекогаш згаснува нашата Македонија .

Ние како заедница во неколку наврати, дури и при последната средба со премиерот Зоран Заев на Малта јасно и недвосмислено го искажавме нашиот став – Не за промената на историско име Македонија! Одтука сметаме дека во овие тешки и срамни моменти за нашата мила Македонија е потребно повеќе од било кога сенародно обединување со цел зачувување на државата .

Ве информираме дека македонската заедница во Малта е спремна на секаков начин и во било која форма да подржи и биде дел од спречувањето на распродажбата на Маккедонија. Затоа ве повикуваме сите горди македонци, наши членови , но и сите вие кои си ја сакате мајка Македонија да застанеме рамо до рамо во одбрана на нашата таковина. Наскоро ќе излеземе со повеќе информации за следните активности кои ќе ги превземе. стои во соопштението на Македонска Заедница во Малта.