Maкедонски клуб ја освои титулата во Австралија (ВИДЕО)

 

На три кола до крајот во четвртата лига север на државата Викторија, македонскиот клуб Лалор Слога Јунајтед го осигура првото место и шампионската титула за 2018 година. Во дербито на колото против вториот Даребин Јунајтед, Лалор Слога одигра 1:1 што беше доволно да направи недостижна предност од 10 бода. После натпреварот грмеше соблекувалната! Фудбалерите ја запеаа “Бисе балкански” и со многу емоции го прославија пласманот во повисок натпреварувачки ранг.