Македонските ракометари подобри од Исланд

Вечера се одигра натпреварот во 3-то коло од квалификациите за ЕП. Натпреварот подобро го започнаа гостите од Исланд кои го превземаа водството со 0:2, но веднаш потоа нашата репрезентација успеа да врати и израмни на 2:2 во 5-та минута. До прво водство стигнуваме во 6-та минута од 3:2, кое понатаму ќе расте како ќе одминува времето и ќе изнесува во неколку пати по 3 голови разлика, а во еден момент во 20-та минута ќе изнесува дури 4 голови разлика.

Но за нијанса ја подобруваат играта гостите и стигнаат до негатива од 2 голови, односно водство на Македонија на полувремето од 15:13. Вториот дел од натпреварот го започнаа уште покатастрофално нашите репрезентативци и примија дури 4 голови во серија од Исланд кој стигна до водство од 17:16 во 35-та минута. Во продолжение нашиот тим повторно заигра подобро и се врати во натпреварот и имаше предност од 3 голови во 43-та минута. На крајот нашата репрезентација стигна до победа од 30:25, а најдобар стрелец кај нас беше Кире Лазаров.

Advertisement