Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара од претседателот на Албанија да ја признае Македонја под уставното име

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, испрати барање до шефот на албанската држава,Илир Мета,неговата држава да ја признае Република Македонија под уставното име. Република Албанија е меѓу првите држави која ја призна независноста на Републка Македонија, но под референцата ПЈРМ. Со писмото кое,од името на сите Македонци што жвеат во Албанија, го упативме до Претседателот Мета, бараме Република Албанија да ја признае Републка Македонија под уставното име,- изјави за Македонски весник Илинден, претседателот на друштвото,Никола Ѓурѓај.

Во писмото потсетуваме, посочува тој, дека Република Македонија под уставното име е призната од 133 држави,вклучувајќи ги и трите држави, постојани членки на Советот за безбедност, САД, Кина и Русија а дипломатски односи има воспоставено со повеќе од 170 држави во светот. Прзнавањето на нашата матична земја под уставното име,оценува Ѓурѓај, позитивно ќе влијае во унапредувањето на билатералните односи и соработка меѓу двете земји во сите области што е во интерес на двете држави и двата народа,но и на целиот регион и пошироко.

Меѓу двете соседни и пријателски држави има интензивни политички посети на сите нивоа, економски средби и форуми. Во билатералната комункација и воопшто албанските политичари и медиумите, кога станува збор за Република Македонија, тие ја именуваат со уставното име,што е повеќе од добра основа, тоа и официјално да се направи, смета Ѓурѓај.

Advertisement