Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудува убиството на Петрит Зифле во Крф

Петрит Зифле, роден на 3 јули 1955 година, жител на градот Берат, Албанија а неодамна престојувал во Спартерон Крф, Грција. Петрит Зифле и Димитрис Курас започнаа дебата за името на Македонија, но ситуацијата ескалираше и претставникот на “Златна зора“ Димитрис Курас. Потоа Курас го нападна и го уби 63-годишниот Петрит Зифле, чие тело беше фрлено во јаз каде што беше пронајдено. Македонското друштво “Илинден”-Тирана остро го осудува убиството и ги повикува грчките власти да ги осудат и да ги казнат сите обиди на Златна зора или други екстремисти. Македонското друштво “Илинден”-Тирана изразува сочувство до неговото семејство и роднини.